Десет македонски автори на 8. Македонска книжевна визита во Софија

Од:

Во организација на Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје од денеска до 16 мај во Софија ќе се одржи 8. „Македонска книжевна визита“, на која ќе учествуваат десет македонски поети и писатели од сите генерации.

Манифестацијата има цел унапредување на врските меѓу македонската и бугарската литература, обновување на плодната комуникација меѓу писателите и книжевните научници од двете земји, афирмација на преводите на македонските дела во Бугарија и бугарските автори во Македонија, како и поттикнување нови приврзаници и почитувачи на македонската литература.

– Еден од најдрагоцените придонеси на Македонската книжевна визита во Софија е откривањето, поттикнувањето и афирмацијата на нови преведувачи на македонската литература во Бугарија. Во таа смисла наградата „Македонски книжевен Дедал“ која „Макавеј“ ја доделува на секое издание од оваа манифестација придонесе да се оформи во изминатата деценија нова група квалитетни преведувачи најчесто, истовремено и писатели, кои безрезервно ја согледаа новата голема модерна мисија на македонската литература, велат од „Макавеј“.

Меѓу најголемите афирматори на македонската литература, се посочуваат угледните современи бугарски писатели: Петар Караангов, Николај Петев, Димитар Христов, Николај Шопов, Роман Кисјов, Здравка Итева, Тања Попова и др. Овие преведувачи кои се и темелни автори на бугарската литература, се наведува, заедно преведоа околу 30 дела од македонски автори кои се објавија во копродукција со бугарски издавачи или само од бугарски издавачи.

Годинашни носители на наградата за творечки дигнитет и за придонес во афирмацијата на македонската литература во Бугарија и за зближувањето на македонските и бугарските писатели се бугарската поетеса Елка Њаголова и поетот и актуелен претседател на Сојузот на бугарските писатели Бојан Ангелов.

Овогодинашната „Осма македонска книжевна визита“ ќе ја одбележи и 100-годишнината од раѓањето на еден од основоположниците на современата македонска литература Венко Марковски. Во рамките на манифестацијата ќе се одржи и Книжевен портрет на академик Луан Старова, за чие творештво ќе говорат академикот Али Алиу и поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски. Предвидена е и „Вечер на македонската поезија“ на која ќе учествуваат Вера Чејковска, Ристо Јачев, Бранко Цветкоски, Братислав Ташковски, Кире Неделковски, Владимир Илиевски, Зоран Јакимовски и Марта Марковска.

Манифестацијата се реализира во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Софија, а проектот е помогнат од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска