Департизација, децентрализација и деметрополизација во културата, како и донесување нов закон за заштита на културното наследство, се само дел од приоритетите на Нацрт-стратегијата 2018-2022 и на Нацрт-акцискиот план за 2018 година.
Како што беше речено на денешната јавна презентација на овие два стратегиски документа, во сегментот на културната дејност, без исклучок, многу е важна промената на законската регулатива.
Според посебниот советник за култура во ресорното Министерство Златко Теодосиевски, на Македонија и треба стратегија на дисконтинуитет. Секој континуитет со довчерашниот модел на арбитрарната и клиентелистичка власт кој ја задушуваше културата, ќе биде погубен за здравиот елемент што остана од неа.