Романот „Деновите кога говореше тишината“ од реномираната норвешка авторка Мерете Линдстром деновиве го објави книгоиздателството „Бата прес“.
Романот, како и сите нејзини досегашни прозни дела, посочува издавачот, се одликува, пред сè, со беспрекорен стил, со мирно и тивко кажување, со над сè, јасно, цврсто и прегледно развивање на дејството. Тивката нарација, за постара брачна двојка во која мажот станува сенилен, таканаречениот роман – река, сепак зборува за длабоки, трагични и трауматични теми од поновата историја на Европа и од совремието на норвешкото општество.
Норвешките критичари за оваа книга ќе забележат дека е „тивко и вознемирувачко ремек-дело“.
– Тука, низ судбината на главниот јунак, кој говори со молк, во романот ќе се проговори за прогонот на Евреите и за холокаустот во Европа, за новите појави на антисемитизам, за современите дилеми на норвешкото семејство, вели критичарот Норваѕ Тимес.
За оваа книга која е нејзино четиринаесето прозно дело, Мерете Линдстром го доби највисокото скандинавско признание – Нордиската награда за литература за 2011 година.
Ова е трета од низата книги на норвешки автори што во последниве две години ги објавува книгоиздателството „Бата прес“.