Денови на правната литература

Од:

ЈП Службен весник на РМ, во соработка со издавачката куќа Арс Ламина, а во пресрет на претстојниот Саем на книгата, организираат заедничка акција за промоција на правната литература под наслов „Денови на правната литература“. Акцијата ќе се одржува од денеска до 24-ти овој месец во Инфоцентарот на ЈП Службен весник на РМ.

Целта на акцијата е да се подигне свеста кај организациите, здруженијата, урбаните заедници и граѓаните, дека секој треба да ги знае своите права и обврски кои произлегуваат од законите и правните регулативи поврзани со нивната дејност. По тој повод, во текот на акцијата, соодветните изданија од двете организации ќе бидат со попусти до 50 отсто.

Во текот на „Деновите на правната литература“, двете организации ќе одржат и посебни средби со здруженија, комори, општини, факултети, библиотеки и граѓани… Во Инфоцентарот сите заинтересирани ќе можат да се информираат за изданијата од областа на правната литература, како и за начинот на кој ќе можат да ги обезбедат со посебни поволности.

Попустите, како што информираат од ЈП Службен весник на РМ, ќе продолжат и за време на Саемот на книгата, кој ќе се одржува од 5 до 11 мај годинава.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска