Денови на младата македонска проза во Софија

Од:

Од денеска до среда во Софија ќе се одржи манифестацијата „Денови на младата македонска проза“ што ја организира Друштвото за издавачка дејност „Македонска литера“ во соработка со Културно-информативниот центар на Република Македонија.

На манифестацијата, која е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, ќе учествуваат млади писатели, преведувачи и издавачи од двете држави. Ќе се одржи и трибина на која ќе се разгледаат можностите за соработка, ќе биде отворена и изложба на книги од млади македонски писатели, а ќе има и вечер посветена на младата македонска проза на која ќе се претстават седум македонски писатели.

Целта е да се овозможи непосредно запознавање на младите автори од двете држави и да се развие поголема меѓусебна соработка особено во областа на преведувањето и објавувањето на дела.

Во рамки на манифестацијата и на средбите со бугарските издавачи и писатели ќе биде претставен и конкурсот за странски издавачи на македонското Министерство за култура.

На Деновите на младата македонска проза ќе учествуваат Јулијана Величковска, Фросина Пармаковска, Живко Гроздановски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Михајло Свидерски и Верче Каранфилоска.

За потребите на манифестацијата отпечатена е и посебна брошура во која се претставени 17 млади македонски белетристи. Брошурата ќе биде претставена и на Меѓународниот саем на книгата што ќе се одржи во Софија во почетокот на декември годинава.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска