Денови на младата македонска проза во Софија

Од:

Денови на младата македонска проза ќе се одржат од 27 до 29 април во Софија, Република Бугарија, во организација на Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, во соработка со Културно-информативниот центар на Македонија во Софија.

Целта на манифестацијата, која е поддржана од Министерството за култура на Македонија е меѓусебно запознавање и отворање можности за соработка, посебно во областа на преведувањето и објавувањето на дела во двете земји.

Во рамките на манифестацијата, на која ќе учествуваат млади писатели, преведувачи и издавачи од двете земји, ќе се одржи трибина. На вечерта на младата македонска проза ќе се претстават седуммина млади македонски белетристи – Јулијана Величковска, Фросина Пармаковска, Живко Грозданоски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Михајло Свидерски и Верче Каранфилоска.

Ќе биде отворена и изложба на книги од млади македонски писатели, кои потоа ќе бидат подарени на библиотеката на КИЦ на РМ во Софија. Предвидени се и посети на асоцијации, издавачи и други институции.

Во рамките на манифестацијата и на средбите со бугарски издавачи, писатели и преведувачи, ќе биде претставен и конкурсот за странски издавачи на Министерството за култура на Република Македонија.

За потребите на манифестацијата, отпечатена е и посебна брошура (каталог) во која се претставени 17 млади македонски белетристи (до 35-годишна возраст): Румена Бужаровска, Марта Марковска, Ѓорѓи Крстевски, Јулијана Величковска, Андреа Јанковски, Анета Попова, Фросина Пармаковска, Ненад Јолдески, Фросина Стојковска, Живко Грозданоски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Иван Шопов, Олгица Станковска, Натали Спасова, Михајло Свидерски и Верче Каранфилоска.

Младите македонски белетристи со овој каталог ќе бидат претставени и на Меѓународниот саем на книгата што ќе се одржи во Софија на почетокот на декември годинава, а на кој учеството на Република Македонија го организира „Македоника литера“. 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска