Денови на македонското културно наследство во Азербејџан

Од:

Од денеска до 11 ноември во Азербејџан ќе се одржат Денови на македонското културно наследство. Манифестацијата ќе се одржи во престолнината Баку и во градот Агсу, кој важи за културната ризница.

Целовечерен концерт ќе одржи Културно-уметничкото друштво ,,Дримкол“ од Вевчани кое ќе презентира традиционални песни и ора, носии и обичаи од Македонија.

Професорот Рубин Земон, претседател на научниот совет на Институтот за социокултурна антропологија на Македонија ќе одржи предавање за богатото мултикултурно наследство на Македонија, со прикажување на неколку документарни етнолошки филмови.

Ќе биде поставена и изложба на современи фотографии од културното наследство на Македонија, подготвени во соработка со Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје.

Организатор и домаќин на манифестацијата „Денови на македонското културно наследство во Азербеџан“ е Организацијата за поддршка и истражување на културно наследство „МИРАС“ од Баку, Азербејџан, предводена од проф. д-р Фариз Кхалили.

Деновите на македонското културно наследство се поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери