„Денови на македонската музика“-Концерт на канадска виолончелистка и белгиски пијанисти

Од:

Канадската виолончелистка Емили Жирар-Шарест и белгиските пијанисти Жан-Филип Колар-невен и Жан-Лик Фафшам во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“ вечерва ќе одржат концерт во Музејот на град Скопје.

На програмата се дела на македонските композитори Јана Андреевска, Стојан Стојков, Гоце Гавриловски и Елизабета Илиевска-Бете, како и композиции на Жан-Филип Колар-Невен, Жан-Лик Фафшам и МИшел Гонвил.

Емили Жирар-Шарест е виолончелистка, композиторка и импровизаторка која се издвојува со својот еклектичен стил. Нејзиниот репертоар на изведба е разновиден – од традиционална класична до современа музика и интердисциплинарни проекти. Како камерен музичар и солист настапувала со бројни ансамбли: Allogene, SuperMusique, La Machine, Quatuor d’occasion, Ensemble for New Music Tallin и други. Соработувала со композиторите Малком Голдштајн, Мишел Гонвил, Џоан Ету, Фредрик Гран, Ханс Цендер… Во 2004 година го формира ансамблот “ALLOGENE” состав посветен на изведба на барокна и современа музика, како и импровизација. Жирар-Шарест настапувала во бројни тетарски и танцови продукции, како и на фестивали за класична, џез и современа музика во Канада, САД, Австрија, Чиле, Аргентина, Естонија, Франција и други земји. Моментално е на постдипломски студии на Конзерваториумот за музика во Монтреал, каде работи под менторство на Денис Брот.

Жан-Филип Колар-Невен е пијанист, композитор и импровизатор, кој следи нестандарден уметнички пат и чија уметност соединува разновидни жанри и дисциплини. Иако образован во класичната традиција, џезот и импровизираната музика играат голема улога во формирањето на Колар-Невен како музички уметник. Неговите проекти ги допираат и соединуваат подрачјата на композиција, импровизација, визуелни уметности, театар и филм и се честопати се на границата помеѓу традицијата и современите форми. Како големо влијание во сопствената музика, Колар-Невен ги посочува: џез контрабасистот Жан-Луи Ресинфос, како и кларинетистот и саксофонист Фабрис Алеман, вибрафонистотБарт Картиер, композиторите Лук Ферари, Клод Леду, Мишел Гонвил, Бруно Мантовани, режисерите Пјетро Пицути, Клер Гатино, диригентите Патрик Давин и Пјер Бароломе, визуелните артист Боб Фершуерен и многу други. Редовно концертира во Европа, Јужна и Централна Америка, Јапонија и Канада. Во 2003 година Сојузот на композитори на Белгија му го доделува FUGA трофејот за активноста во презентација на белгиски репертоар, аво 2008 година ја добива наградата Octave” за уметник на година. Жан-Филип Колар-Невен предава камерна музика и импровизација на Royal Mons Conservatory.

Жан-Лик Фафшаме член на Ансамблот “ICTUS” со кој реализира концерти на класична музика и премиери на нови дела, и мултимедијални проекти особено со танц и театар. Како солист, тој е афирмиран во изведба на дела од класичниот и современ репертоар за пијано.Добитник е на наградата на УНЕСКО за млади композитори како и на наградата “Octave” за класичен музичар во 2006 година. Настапувал со Ensemble Intercontemporain, Musiques Nouvelles, Daniel Quartet, Calefax, National Orchestra of Lille, Liege Philharmonic Orchestra, а неговите дела биле дел од програмите на фестивалите Presence во Париз, Ars Musica во Брисел, Why Note во Дижон, Виенското биенале, како и на сцените во Сиднеј, Берлин, Лима, Копенхаген.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска