Книги за најмладите објавени во изминатите три години ќе бидат претставени на Деновите на македонската литература за деца кои ќе бидат отворени вечер од 18 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Софија.
Настанот е инициран од издавачката куќа „Едука Мак“, специјализирана за литература за деца. Поканети се автори на публикации и на илустрации, автори во списанието „Супер Смешка“ и наградени автори на фестивалот на поезија за деца „Стихувалки 2018“.
– Преку Деновите на македонската литература за деца се афирмира домашното литературно творештво и придонесува за збогатување на културната размена меѓу Северна Македонија и Бугарија, соопшти македонскиот КИЦ во Софија.