Денови на Македонската култура во Шведска

Од:

Со проекцијата на македонскиот филм „Ова не е американски филм”, во режија на Сашо Павловски, во рамките на „Нов балкански филмски фестивал“ (Balkan New Film Festival), на 8-ми овој месец во Стокхолм почнаа Деновите на македонската култура во Шведска.

Преку оваа манифестација, како што соопшти денеска Министерството за култура, во текот на оваа година со неколку културни содржини ќе бидат одбележани две децении дипломатски врски меѓу Македонија и Шведска.

Манифестацијата, која е во организација на Амбасадата на Република Македонија во Стокхолм и на Министерството за култура, за отворена ја прогласи амбасадорот Кире Илиоски. Тој, според соопштението, пред присутните и дипломатскиот кор изразил надеж дека „Balkan New Film Festival“ со својот уметнички концепт ќе прерасне во традиционална и препознатлива филмска манифестација што се темели на регионалната соработка и интеграција во доменот на културата. Во своето обраќање Илиоски посочил дека очекува македонскиот филм се повеќе да биде присутен на филмската мапа во Шведска и во Скандинавија.

Би можело да ве интересира

Шест лица се уапсени за тројно убиство во фризерски салон во градот Упсала

Афтонбладет: Тројца убиени, убиецот избегал со електричен скутер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Има жртви во денешниот инцидент во шведскиот град Упсала

Горан Наумовски

Оружен инцидент во Шведска, неколку лица се повредени

Горан Наумовски

Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме