Денови на македонската култура во Шибеник

Од:

Со изложба, предавање, книжевни разговори, читање поезија и проза но и слични уметнички содржини и оваа година во услови на пандемија ќе се одржат Деновите на македонска култура во Шибеник. Манифестацијата ќе трае од 10 до 12 септември, во организација на невладината организација „Хрватско-македонска тангента“, а е под покровителство на шибенскиот градоначалник Жељко Буриќ.

Според организаторите, ова е посебен формат на манифестацијата бидејќи во истиот термин, како и минатата година, ќе се одржи и настанот познат како Зларински средби на писатели, поети, публицисти и новинари.

Отварањето е закажано за вечерва година во Градската библиотека „Јурај Шижгориќ“.

Првиот и вториот ден на присутните ќе се обратат македонскиот амбасадор Милаим Фетаи, шибенскиот градоначалник Буриќ и претседателот на Хрватско-македонска тангента, Сашо Георгиевски.

Како што соопштија организаторите, настанот е тематски збогатен со нови содржини, па првиот ден е планирана изложба „Чувари на македонската традиција“ со етно експонати од приватната колекција на семејството Георгиевски, како и слики на Оливера Вапска, изработени во посебна филигранска техника со срмен конец.

Со посебно внимание се очекува предавањето на познатиот метеоролог, Момчило Живковиќ, од Белград, на мошне актуелна тема „Климатски промени, грижа за планетата Земја“, во која ќе бидат емпириски опфатени и параметри кои се однесуваат на регионот, вклучувајќи ги Хрватска и Македонија.

Во димензијата што се однесува на размена на книжевни творби и искуства ќе бидат читани автентични делови од поетски и прозни книги на присутните автори од Загреб, Шибеник, Задар, Пула…

Како што се наведува во соопштение, вториот ден од настанот ќе се вклучи познатиот хрватски вајар, Александар Губерина, кој за поврзаноста на македонскиот и хрватскиот народ има изработено специјална скулптура. Учесниците на Деновите на македонска култура ќе имаат можност да го разгледаат новиот ателје на Губерина и да се запознаат со деталите на неговото творештво, богатство на уметнички техники и фази во неговиот уметнички опус

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање