Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска и утре ќе се одржи манифестацијата „Денови на хрватска книжевност во Македонија“.
Манифестацијата ќе понуди книжевна средба со хрватски автори и претставување на творештвата на авторите Бранко Чегец, Хелена Саблиќ-Томиќ и Владимир Стојсављевиќ, како и изложба на книги со стотина дела од хрватски писатели преведени на македонски јазик и објавени во Македонија по 1990 година. Ќе се одржи и трибина на тема „Современи македонско-хрватски книжевни релации и модели на пласман и афирмација на македонската и хрватската книжевност во други средини“.
Манифестацијата „Денови на хрватската книжевност во Македонија“ ја организираат Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и Националната и универзитетска библиотека од Загреб, кои ќе потпишат меморандум за соработка.