Денеска пет изведби на отворено во време на корона

Од:

За денеска се закажани пет нови изведби од програмата „Култура во време на корона“.

Во 14 часот ќе биде емитувана и изложбата „Celebrate life во изолација – Изложба: Индог“.

Во 16 часот, во паркот во Чаир настап ќе има пеачката Канита Сума (Kanita Suma), додека во паркот позади Три Бисери во Аеродром ќе се одржат 3 настапи, и тоа: во 17 часот настап на групата „In the mood“, во 18 часот бендот „Бла Бла Бла“ (Blla Blla Blaa), а во 20 часот настап ќе има групата Бени и Нон Стоп.

Нивните настапи ќе бидат стримувани на:

фејсбук страницата на Град Скопје и Youtube каналот на Град Скопје


Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13. април, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на Линкот.

Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти:

– Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и

– Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.

Би можело да ве интересира

Шилегов: Скопје беше прва локална самоуправа во Европа со проект „Култура во време на корона“

Жарко Настоски

Репризи од „Култура во време на корона“ за време на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

ЈУ Универзална сала и Skopje Light Art District со видео проекција за благодарност до сите што се борат против коронавирусот

Ана Ололовска

Вечер концерти на две музички групи во рамки на Програмата „Култура во време на корона“

Ана Ололовска

Во рамки на програмата „Култура во време на корона“, вечер две нови изведби

Ана Ололовска

„Љубојна“ вечер ќе пее во Буњаковец, „Бонифејс“ во Чаир

Ана Ололовска