Делата од Младинската керамичка работилница претставени во Македонски Брод

Од:

Делата создадени на седмата сесија на Младинската керамичка работилница што се одржа годинава во август во село Вранештица, беа претставени на изложбата што беше отворена во Домот на културата во Македонски Брод. На изложбата беа претставени педесетина керамички творби изработени од ученици од три средни училишта ОСУ „Мирко Милески“ и ОСУ„Дрита“ – Кичево и Средното училиште за уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје.

-Делата изработени на годинашната седма Младинска керамичка работилница ќе бидат изложени во Домот на културата во наредните седум дена. Поради пандемијата со Ковид-19 нема да има посети на организирани групи на ученици кои во поголем број во ист момент ќе ја посетат изложбата ,туку тоа ќе можат да го направат поединечно или во помали групи. Оваа изложба е навраќање на минатото во периодот кога керамичките производи имале универзална употреба во домаќинствата, од чување на вода, садови користени за подготовка и консумирање на храна и друго, истакна Милена Стојческа, директорка на Домот на културата во Македонски Брод.

Таа појасни дека есенва била задоволителна културната понуда во градот, а претходната недела во Домот на културата била отворена и изложба на слики на нашата музичка икона Тоше Проески.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат