Дела од поетот Василевски на книжевна изложба во Узбекистан

Од:

По повод Меѓународниот ден на книгата и заштитата на авторските права, Националната библиотека на Узбекистан приреди изложба на која се изложени книги на автори од разни поколенија, што, наведуваат, станале културно наследство на целото човештво, меѓу нив и дела од македонскиот поет и академик Ристо Василевски.

Покрај фотографиите на писателите кои им се познати на широк круг  читатели на изложбата се прикажани и нивните мисли за книгите и читателите.

– Посетителите на оваа фото-книжевна изложба ќе се запознаат со обрасците на светската литература кои имаат најголема побарувачка меѓу читаталите – корисници на Библиотеката. Меѓу нив се издвојуваат Џејн Остин, Ристо Василевски, Агата Кристи, Вилјем Шекспир, Владимир Набоков и други, што го потврдува растечкото интересирање на читателите, истакнуваат од Националната библиотека на Узбекистан.

Ристо Василевски е автор на дваесетина поетски книги, книги поезија и романи во стихови за деца. Добитник е на повеќе значајни македонски, српски и меѓународни награди. Превел над 50 книги од македонската и српската литература на српски и македонски јазик и застапен е во  голем број поетски антологии. Член е на Македонската академија на науки и уметности, Словенската академија за литература и уметност, Меѓународната асоцијација на писатели и публицисти, Друштвото на писатели на Македонија, Здружението на писатели на Србија и на Здружението на литературни преведувачи на Србија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска