Деблокирана реконструкцијата на пробиштипскиот Дом на културата

Од:

Продолжува реконструкција на Домот на културата „Злетовски рудар“ во Пробиштип.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека проектот беше стопиран, поради нарушената статика на зградата. Но, од буџетот на Општина Пробиштип обезбедени се дополнителни средства за да се санира и овој проблем.

– Деблокиран е и продолжен со реализација европскиот ИПА проект за реконструкција на Домот на културата, со сопствено учество за санација на нарушената статика на објектот во вредност од 2.500.000 денари, вели Анастасов.

Општина Пробиштип треба да обезбеди и дополнителни средства за внатрешно уредување на просториите, по што е планирано вработените во општината да се сместат во овој објект.

Инаку реконструкцијата на Домот на културата се раелизира преку Програмата за Меѓугранична соработка Македонија – Бугарија, партнер во проектот им е бугарската општина Рила, а вредноста на овој проект изнесува над 158.000 евра.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија