Дебата „Како децата се запознаваат со предизвиците на животот преку литературата“

Од:

Дебата на тема „Како децата се запознаваат со предизвиците во животот преку литературата“ ќе биде организирана вечер во 19.30 часот во „Europe House Skopje“, во рамки на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“.

На дебатата свои размислувања ќе споделат универзитетските професори Весна Мојсова-Чепишевска и Владимир Мартиновски, психологот Христина Стефановска и Искра Димковска од издавачката куќа „Сказнувалка“. Модератор на настанот ќе биде Сребра Ѓорѓијевска.

Колку се важни литературата и уметноста, воопшто, во развојот на децата, каква е детската литература денес, колку илустрациите на самите изданија се важни за да им се привлече вниманието на децата кон книгата, ова се дел од темите што ќе бидат застапени на дискусијата.

Фестивалот „Литера“ беше отворен завчеравечер со изложбата на илустрациите на големиот автор Димитар Кондовски. Уметничкиот директор на фестивалот Ване Костуранов истакна дека изложбата на илустрации, која ќе биде отворена во „Мала станица“ до 1 ноември, е единствена можност да се види овој досега неизложен дел од неговото творештво.

Овој негов опус, како што рече, е исклучително важен и богат, а ние, како организација, сме многу благодарни на неговото семејство што се согласи овие бисери од македонската илустрација за деца да ги изложиме пред јавноста.

-Во програмата на „Литера“, покрај изложбата на Кондовски, се реализираат неколку работилници за деца, дебата, како и доделување на награди за најдобрите македонски изданија на книги за деца.Поради состојбата со пандемијата бевме приморани дел од програмата планирана за оваа година да ја префрлиме за наредното издание на „Литера“, особено оној значаен дел кој вклучуваше голем број домашни и странски автори и илустратори кои требаше да се претстават преку изложби, промоции, мастеркласеви и сл. Верувам дека и покрај предизвиците со кои се соочивме, програмата е доволно разнолика и ќе биде интересна како за децата, така и за возрасните, изјави Костуранов.

„Емоцијата има своја боја“ е кретивната работилница на која вчера во дворот на Даут-пашиниот амам учествуваа деца од седум до девет години. Претстојниот викенд ќе се реализираат уште пет работилници на различни теми во Даут-пашиниот амам. „Прочитај ми приказна/прочитај си приказна“ ќе ја води Коста Милков од издавачката куќа „Метаноја“. Во истиот термин од 11 часот ќе се реализира и работилница на тема „Среќни деца денес – подобри луѓе утре“, во организација на едукативниот центар „Скампер“ од Скопје. Искра Димковска од издавачката куќа „Сказнувалка“ ќе одржи работилница инспирирана од сликовницата „Празнина“ од Ана Лјенас. Поетесата Ана Голејшка-Џикова ќе одржи работилница за креативно пишување

На 18 октомври во Даут-пашиниот амам заедничка работилница ќе одржат „Полица“ и фестивалот „Литера“ на тема „Креирање книжевно дело од деца за деца“.

Фестивалот „Литера“ го организира Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“ од Скопје, а го помагаат Делегацијата на ЕУ во Скопје, Министерството за култура, Град Скопје, „Халк банка“.

Би можело да ве интересира

„Бел“, „Ежето Снеже“, „Брзоплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ и „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ – наградени на „Литера“ 2020

Ана Ололовска

Објавен романот „Суво мастило“ од Владимир Илиевски

Ана Ололовска

Три дена европска и македонска литература во Кинотека

Ана Ололовска

Промоција на „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ од Свето Стаменов

Ана Ололовска

Нова е-книга со драмски текстови на Миа Ефремова

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Приказните ја обликуваат нашата фантазија, но и нашите вредносни животни јадра

Ана Ололовска