Дарија Андовска меѓу жени композитори кои треба да ги знаете

Од:

Во рамките на интернационалниот фестивал RE: NOVAE MUSICAE при Софиската филхармонија во Бугарија, на 28-ми октомври ќе се одржи концертот со назив „Жени во црно и бело- музика за пијано од композиторки кои треба да ги знаете“, на кој својата светска премиера ќе ја има циклусот за пијано „После дождот“ од Дарија Андовска.

На првата интерна изведба, овој циклус беше отсвирен беспрекорно од пијанистката Ана Гацева.

Дарија Андовска е трипати последователно номинирана и двапати добитник на наградата „Виртуоз“ за најдобар композитор во Македонија, прогласена за „Истакнат уметник на град Цирих“, избрана меѓу шесте најдобри млади композитори во Европа за проектот „MusMA- Music Masters on Air“, а нејзините дела се изведувани и наградувани во Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Белгија, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Италија, Германија, Грузија, Франција, Англија, Ирска, Данска, Шведска, Норвешка, Украина, Шпанија, Азербејџан, Австрија, Албанија, Русија, Мексико, Канада, Грција, Чешка, Полска, Романија, Ерменија, Турција, САД, Кина.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска