Данскиот писател Јуси Адлер-Олсен гостува на фестивалот „Букстар“

Од:

Данскиот писател Јуси Адлер-Олсен гостува на третото издание на Фестивалот на европската книжевност „Букстар“ (BookStar), кое се одржува до 5 ноември во Скопје.

Организацискиот тим на Фестивалот информира дека оваа година на Јуси Адлер-Олсен ќе му биде доделена наградата „Букстар“ за најчитана книга меѓу две изданија на фестивалот.

Во Клуб ресторанот МКЦ утревечер, во 20 часот, ќе биде промовиран неговиот роман „Жената во кафезот“, издание на „Антолог“, кој на македонски јазик го преведе Лара Крстева-Ичокаева. Промотор на романот ќе биде режисерката, продуцентка и актерка Лабина Митевска.

Романот е најчитаниот наслов во книжарниците на „Антолог“ оваа година, а е објавен со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската унија. По објавувањето, книгата „Жената во кафезот“ се искачила на првото место на топ-листите и се задржала на врвот на бестселери цела година. Според книгата е снимен и филм.

Јуси Адлер-Олсен е дански автор чии книги се преведени на 40 јазици и котираат на големите бестселер-листи во светот, меѓу кои и на „Њујорк тајмс“. Студирал медицина, социологија, филм. Бил издавач, уредник, композитор на филмска музика и продавач на книги. Добитник е на огромен број награди, а четири негови книги имаат и филмски адаптации.

Во книжарницата „Антолог“ утре ќе се одржи средба со Јуси Адлер-Олсен, на која ќе гостуваат неколку македонски блогери.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска