Далас Блек танцовата компанија од САД вечер на Танц фест

Од:

Во рамки на фестивалот Танц Фест 2023, вечер во 20:00 часот во Македонскиот народен театар ќе се изведе претставата „Забрзување и Вознесувања“ на Далас Блек танцовата компанија од САД. Публиката ќе има можност да проследи пет извонредни кореографии: „Распарчување“ на Грегори Долбашиан, „Танц на срцето“ на Mи’Кал Стромил и „Како вода“, „Патот до еден“ и Погубување на чувството“ на Дарел Гранд Мултри во изведба на дванаесет спектакуларни танчери на компанијата.

Dallas Black Dance Theatre во Скопје доаѓа со поддршка на Американската амбасада. Танцовиот тетар е основан во 1976 година од Ен Вилијамс, со цел да создаде и произведе современ танц на највисоко уметничко ниво, преку претстави и едукативни програми кои ги премостуваат културите и допираат до различни заедници. Како најголема и најстара постојано оперативна професионална танцова компанија во Далас, ДБДТ е една од најзначајните афро-американска танцови компании во САД. Под раководство на уметничката директорка Мелиса М. Јанг, современата компанија изведува мешан репертоар на модерни, балетски, џез и етнички дела од национално и меѓународно познати кореографи.

Во рамки на вечерта, пред настапот на компанијата, ќе биде изведена кратката кореографија „Предност“ која е производ на работилниците кои се одржаа во соработка на ДБДТ и Скопје танцовиот театар, со поддршка на Американската амбасада во Скопје. Работилниците под наслов „Dance communication“ ги одржа Сиера Ноел Џонс (ДБДТ) и асистентите од Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ Стефанија Милевска Враниќ и Емилија Достинова.

Во работилниците учествуваат ученици од Музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ во класа на професорките Елена Антонова Петровиќ и Александра Кочовска Начева: Мила Ангелова, Екатерина Георгиева, Дора Пајдакова, Русанка Иваноска, Моника Ѓеоргиева, Лука Ѓеоргиевски, Јана Ѓоршова, Давор Милев, Теона Голчева; од Анастасија центар: Сања Лазаровска, Екатерина Мицевска, Надалина Талевска, Дејана Магденовска; од Танцовиот клуб Аква: Елена Тезиева, Ивона Маневска, Ивана Стратова, Анѓела Николовска, Вања Секуловска, Теона Димкова, Матеа Николовска, Ања Стојаноска, Џаст Даниелс и од Битркис културно уметнички центар: Надја Илијевски, Ивана Петровска, Теодора Атанасовска, Тамара Атансовска.

Танц Фест Скопје годинава е поддржан од Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, Амбасадата на САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумските партнери. 

Би можело да ве интересира

Со програмата „Паралели“ почнува 20. Танц-фест Скопје 2024

„Леди Магбет“ на Рисимкин вечер на сцената на театарот „Камплој“ во Верона

„Танц фест 2023“ завршува со претставата „Одења и слични кореографски решенија“

Ана Ололовска

Скапино балет Ротердам и „Убавите жени“ за затворањето на „Танц Фест Скопје 2021“

Почнува „Танц фест Скопје 2021“ под мотото „Украдени движења“

Ана Ололовска

Шеснаесеттиот „Танц фест“ ќе се одржува наесен во фази

Ана Ололовска