„Да се почне одново“ – сезона 2021 на Велешкиот театар

Од:

Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес на вчерашната прес конференција одржана во Националната опера и балет во Скопје ја претстави програмата за сезоната 2021, насловена „Да се почне одново“.

Како што појасни в.д директорот Сашо Димоски, насловот на сезоната произлегува од театролошкиот проект кој театарот ќе го реализира во соработка со шест национални театри, исто толку независни субјекти од културата, четири реномирани театарски фестивали и издавачката куќа „Арс Ламина“.

–Целта на проектот, чиј глодус е проф.д-р Јелена Лужина заедно со експертски тим од неколкумина домашни и меѓународни театролози, е да истражи која е и каква е потребата од промена на македонскиот театар во потрагата по неговиот автентичен модел низ европските стандарди,појасни Димоски.

Покрај театролошкиот проект, во рамките на концептот за сезоната 2021 ќе бидат реализирани и четири театарски продукции.

Сезоната ќе ја отвори премиерата на театарската претстава „Четири соби“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, предвидена за средината на април.

Втората продукција, танцтеатарска претстава чија премиера е планирана за јуни, е „Петтото годишно време“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев.

Третата театарска претстава е „Орестија“ од Есхил, чии четири делови ќе ги режираат Александар Ивановски, Ненад Витанов, Софија Ристевска Петрушева и Деан Дамјановски, во соработка со кореографите Олга Панго и Саша Евтимова од Националната Опера и Балет, како копродуцент на претставата.

Со премиерната изведба на оваа претстава во јули ќе биде отворен Интернационалниот фесивал на античка драма „Стоби“ која е четвртата продукција од програмата за работа е театарската инсталација „Квартет“ од Хајнер Милер, во режија на Деан Дамјановски која премиерно ќе биде изведена во втората половина на сезоната.

Воедно велешкиот театар ќе го реализира и годинешното издание на ИФАД „Стоби“, а во соработка со авторските екипи на театарските продукции и други гости уметници.

Во театарот ќе се одржат и работилници наменети за студенти и професионалци од сценско изведувачките уметности, како и неколку трибини и панел-дискусии.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“