„Да го поздравиш и да ми го бациш“ повторно во МКЦ

Од:

„Да го поздравиш и да ми го бациш“, во продукција на здружението АРТОПИЈА, се враќа на репертоар во МКЦ со две изведби, во вторник и среда, со почеток од 21 часот во Џебно кино.

Да го поздравиш и да ми го бациш е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, за соништата за себеостварувањето и за соочувањето со општествените механизми на функционирање.

Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се одраз на личните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.

Каков треба да биде тетатарот денес? Кое е неговото место во опшетството? Кое е местото на младинците во општетсвото во кое живееме? Претставата зборува и за: емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното, за слика за вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“ итн. Севкупно, актерите на сцена поставуваат прашања и отворат дилеми барајќи начин да ги одговорат.

Играат – Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски, Симона Спировска Костовска. Режијата е на Билјана Радиноска.

Претставата не е наменета за лица под 16 години!

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“