„Црвената соба“ на Аугуст Стриндберг првпат на македонски јазик

Од:

„Македонска реч“ од Скопје го објави на македонски јазик романот „Црвената соба“ на  шведскиот писател Аугуст Стриндберг,  еден од најпознатите драмски писатели во светот.

„Македонска реч“ досега објави шест дела од Стриндберг – сите првпат на македонски јазик: првиот и вториот дел од автобиографскиот роман „Синот на слугинката“, романот „Селани од островот“ и драмските текстови „Пеликанот“ и „Игра на соништата“. И новообјавениот роман, како и делата претходно, од шведски на македонски ги преведе Ивица Челиковиќ.

Романот „Црвената соба“ бил објавен во 1879 година и е  именуван според ресторанот во кој Стриндберг често се среќавал со своите пријатели новинари и уметници.

– Главниот лик е Арвид Фалк. Барајќи работа во Стокхолм, среќава алчни прекупци, мрзливи аристократски жени, лицемерни свештеници, недоделкани парламентарни пратеници и цинични издавачи. Најдобро се чувствува надвор од градот заедно со другарите во „Црвената соба“, кои се исто така во постојана беспарица.  Во ова дело на Стриндберг, кое се смета за прв модерен шведски роман, доминира слика на гнило општество – на едно „ткиво од лаги“: општество во кое моќта на парите е тотална, а насекаде се присутни деловните измами и гнилежот на корупцијата. Темпото во романот е брзо, јазикот е силен и богат, сатирата остра и разорна. „Црвената соба“ е рапсодичен, а има и црти на хумористичниот роман. Некои поглавја се врвни сатирични текстови. Кога првпат бил објавен, рецензентите го оцениле како „одвратен и дрзок“, пишувале за скандал-роман, информира издавачот „Македонска реч“.

Аугуст Стриндберг (1849-1912) е најзначаен шведски писател на преминот од 19 во 20 век. Пишувал романи, новели, драми, песни, критики, есеи, писма.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска