Циклус песни од Бранко Цветкоски објавен во рускиот неделник „Литературнаја газета“

Од:

„Литературнаја газета“ еден од најстарите, највлијателните и историски најзначајните неделни весници во руската и светската литература (основан од Александар Пушкин и обновен од Максим Горки) кој денес излегува во тираж од 120 илјади примероци во Москва, во бројот посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, од 24 мај оваа година, објави циклус песни од современиот македонски поет Бранко Цветкоски.

Во препев на познатата македонистка и најплоден современ преведувач на македонската литература на руски јазик, Олга Панкина, објавени се песни од стихозбирката „ВООБРАЗБИ, лирски етиди за некој друг свет“ која е актуелен носител на книжевната награда за најдобра книга на годината на Друштвото на писателите на Македонија.

Поезијата на Цветкоски, кој е носител врвни награди за поезија во Македонија и во регионот, меѓу кои и највисоката државна награда на Република Македонија „Свети Климент Охридски“ преку одделни книги/избори од неговата лирика е застапен на осумнаесет светски јазици, а во 2004 година во Москва, во препев на Максим Замшев излезе од печат неговата збирка избрани песни „Свијок“, во издание на познатото книгоиздателство „У Никитских ворот.“

Би можело да ве интересира

Трамп размислува за укинување на санкциите кон Русија

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

Сибиха: Средбата меѓу Зеленски и Путин е неопходна за да се разговара за најчувствителните прашања

Ушаков: Путин му ја гарантира безбедноста на Зеленски доколку дојде во Москва

Дрон удрил во возот во кој беа фудбалерите на „Локомотив Москва“

А1он

Москва е загрижена од плановите на НАТО