Кинотеката на Македонија од 12-ти до 15 април во терминот од 20 чааот ќе прикажува дански филмови, снимени во 2011 година.
Филмската ревија ќе почне в петок со „Меланхолија“ на данскиот режисер Ларс фон Трир – данско-шведско-француско-германска копродукција, со Кирстен Данст во главната улога.
Во сабота ќе биде прикажан анимираниот филм „Жика жабарот“ во режија на Питер Дуд, а в недела „Смешниот човек“ на режисерот Мартин Зандвлит, биографски филм за данскиот комичар Дирк Песер.
Циклусот дански филмови ќе заврши во понеделник со „Суперкласико“ на Оле Кристијан Мадсен.