Чилеанскиот поет Пабло Неруда повторно погребан 43 години по смртта

Од:

Чилеанскиот поет, нобеловец, Пабло Неруда повторно е погребан на гробиштата во Исла Негра, покрај гробот на својата сопруга, откако неговите посмртни останки, пред три години беа ексхумирани за да се испита неговата смрт.

Неруда умре во септември 1973 година, во една болница во Сантјаго, од рак на простата, само неколку денови по воениот удар во Чиле, со кој беше соборен од власт левичарскиот претседател Салвадор Аљенде, а на власт дојде воена хунта, предводена од генералот Аугусто Пиноче.

Некогашни противници на хунтата, левичарски активисти и блиски на поетот, тврдеа дека иако тешко болен, Неруда бил убиен, затоа што беше комунист, левичарски поет и близок пријател на соборениот претседател Аљенде.

Постапката за ексхумција беше спроведена откако некогашниот возач на поетот, изјави дека за време на последната посета во болницата каде се лекуваше, Неруда му се пожалил деке не се чувствува добро, по инјекцијата што му била ставена во стомакот.

Членови на семејството на Неруда не се согласуваа со ексхумацијата, тврдејќи дека тој починал од тешката болест, но судот во Чиле сепак дозволи испитување на неговите посмртни останки.

Минатата недела, медиумите во Сантјаго објавија дека била најдена „непозната бактерија“ во неговото тело, но дека конечните резултати од истрагата ќе бидат познати идниот месец.

Чилеански правни експерти објаснуваат дека технички ќе биде мошне тешко да се докаже дека прославениот поет и интелектуалец бил убиен, дури и да се најдат докази кои ќе навестуваат на можно кривично дело.

Пабло Неруда беше пратеник, амбасадор на Чиле во Франција и добитник на Нобеловата награда за литература во 1971 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска