Четири македонски филмови на фестивал за културно наследство во Софија

Од:

Четири филмови од Македонија се во официјалната натпреварувачка програма на  7. Меѓународен филмски фестивал за културно наследство, кој од 12-ти до 18 мај се одржува во Софија под покровителство на Меѓународната фондација „Професор Детев” и Министерството за култура на Бугарија.

Како што соопшти Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, денеска во пладневната програма ќе бидат прикажани филмовите „Самовилска вода”, „Џоломари” и „Ниту ќе продолжи, ни ништо”, чиј комплетен автор на сценарио, камера и режија е Владимир Боцев, во продукција на Музеј на Македонија.

На 17 мај ќе биде прикажан документарниот филм „Артефакти од македонската археологија”, исто така продукција на Музеј на Македонија, а во авторство на Ирена Колиштркова-Настева.

Фестивалската филмска програма и годинава се остварува во соработка со странските амбасади и културни центри во бугарската престолнина  – покрај КИЦ на РМ во Софија, вклучени се и институтите за култура на Италија, Унгарија и Полска и Амбасадата на САД во Софија.

Македонскиот дел од фестивалската програма ќе го претстави директорот на КИЦ на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров.

Филмскиот фестивал за културно наследство ќе заврши на 18 мај, со свечено доделување награди и признанија за најдобрите филмски остварувања.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“