Четири македонски документарни филмови на „МакеДокс“

Од:

Четири македонски документарни филмови ќе бидат прикажани вечер во Младинскиот културен центар во рамки на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Посетителите ќе имаат можност да ги видат „Живот во движење“ на Игор Христов, „Бродот што никогаш не поминал“ на Александар Спасоски, „На точак“ на Горјан Атанасов и документарниот филм за студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје со наслов „Зелени ѕидови, црна храна“ на Сандра Ѓоргиева.

За вечер е предвидено и финалето на работилницата за ритам, реализирана по идеја и концепт на Братко Бибич, Петра Селишкар, Едуардо Раон и Тони Китановски, со изведба во живо на нова музичка подлога за познатиот филм на Ѕига Вертов „Ентузијазам. Симфонијата на Донбас“ од 1931 година, ќе се одржи во Куршумли Ан. Работилницата е организирана во соработка со Кинотеката на Македонија и Кинотеката на Словенија.

Шестиот Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ почна на 20 јуни со проекција на филмовите „Ритам и звук“ од Трајче Попов (Вардар филм, 1955 година) и „Солта на земјата“ на Вим Вендерс и Џулијано Рибеиро Салгадо. Мотото на фестивалот е „Рум-да-да, дум-та-дум-да!“, а тој завршува утре.

Би можело да ве интересира

Oтворен повик за петтата генерација „Докуникулци“ на „МакеДокс“

Ана Ололовска

Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот на 13. „МакеДокс“ на 22 август почна со затворена сесија на Балканската мрежа

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Спојка“ на почетокот на четвртиот ден на 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска

Отворање на 13. „МакеДокс“ на 18 август во Куршумли-ан

Ана Ололовска

Земја во фокус – Чешка на 13. МакеДокс“

Ана Ололовска

Бесплатна филмска проекција за загревање за 13. „МакеДокс“

Ана Ололовска