Четири концерти на фестивалот „Блуз и соул“ утре и задутре

Од:

На „Блуз и соул фестивалот“ кој ќе се одржува утре и задутре во „Станица 26“ од 21 часот ќе има по два концерта на вечер – три со странски изведувачи и еден домашен бенд.

Утревечер ќе гостува грчкиот состав –„Zippy Nappers”, а потоа американско-италијанскиот бенд „Leon Hendrix & Fulvio Feliciano Band“ на Леон Хендрикс, брат на легендарниот Џими Хендрикс, кој првпат ќе гостува на Балканот. Тој учествува на настапи и фестивали посветени на неговиот покоен брат Хендрикс, самостојно, но и како дел од бенд.

Задутревечер од 21 часот ќе настапи унгарскиот состав „Török Fehér Duó”, а по нив шестчлениот македонски блуз-рок бенд „The Mole Pack”, кој има силни влијанија од прогресивната блуз-рок сцена од 1960-тите.

Фестивалот го организира Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, со поддршка на Град Скопје, Министерство за култура и Унгарската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

Унгарски и македонски музичари на завршната вечер од „Блуз и соул“

Ана Ололовска

Концерт посветен на Џими Хендрикс и настап на бенд од Грција вечер на „Блуз и соул“

Ана Ололовска

Бендот „In The Mood“ ќе го отвори „Блуз и соул фестивал 2017“

Ана Ололовска

„Блуз и соул фестивал“ од 22. до 24 септември

Ана Ололовска