Чествување по повод 90 години од раѓањето на Матеја Матевски

Од:

По повод 90 години од раѓањето, денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи чествување на големиот македонски поет академик Матеја Матевски.

Како што најавија од библиотеката, за ликот и делото на Матевски ќе зборуваат академик Катица Ќулавкова и претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Соња Стојменска- Елзесер. Стихови од неговата поезија ќе интерпретира актерот Бобан Алексоски.

Матеја Матевски беше поет, литературен и театарски критичар и преведувач. Роден е на 13 март 1929 година во Истанбул, Турција. Автор е на голем број книги, а неговата поезија е преведувана на сите европски јазици. Добитник е на сите престижни национални книжевни и општестеви награди во Македонија и на повеќе награди во странство за своето поетско творештво. Во 2011 година ја добива најголемата македонска книжевна награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. Матеја Матевски почина на 6 јуни 2018 година во Скопје.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот