Чествување по повод 62 години од раѓањето на поетот Трајан Мартиноски

Од:

Во организација на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ и Сојузот на Македонците со исламска религија денеска ќе се одбележат 62 години од раѓањето на поетот и есеист Трајан Мартиноски.

Мартиноски роден е на 19 февруари 1951 година во село Нерези, Струшко. Починал на 4 мај 1999 година во Охрид. Средното образование го завршил во Струга, а Филолошки факултет во Скопје. Бил член на ДПМ од 1989 година.

Автор е на книгите „Премолчано време“ (поезија, 1982), „Дулбија“ (поезија, 1988), „Голтки“ (поезија, 1990), „Христовиот син“ (поезија, 1994), „Гробот на Чинго“ (есеј, 1995), „Говорот на цвеќето“ (есеј, 1995), „Писмото на сликата“ (оглед за пејзажот на сликарот Јордан Манасиевски, 1955), „Одговор на писмото“ (есеј, 1996), „Петнаесет пеења за карванот на цвеќето на мирот“ (1998), „Брезоњо-биографија на каменот и цветот“ (патопис, 1998), „Еригон петнаесет години потоа“ (кон драмската претстава „Еригон“ од Јордан Плевнеш, 1999), „Кон културното наследство“ (Наум Целаковски, трудови, толкувања, приопштувања, 1999), „Златен венец на спомените“ (сеќавања, 1999).

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска