Чешка етно музика на „БитФест“ во Битола

Од:

Битолското културно лето денеска продолжува со концерти на уметници од Чешка и од Македонија.

Концерт на етно музика ќе одржат „Томас Кочко и Оркестра“, музичари од Република Чешка кои ќе гостуваат во културниот центар Магаза, истакна Цветанка Ристевска портпарол на општина Битола, организатор на летната културна манифестација во овој град.

Во НУ „Завод и Музеј“ Битола ќе се одржи концерт на кемерното дуо виолончела Котевски-Пејиќ кои ќе исполнат дела од Крумер, Бах, Пјацола, Гардел и други композитори.

– Александар Котевски е наградуван виолончелист на неколку државни натпревари за камерна музика во Македонија, зад него се голем број успеси, а моментно е уметнички директор на Македонската опера и балет, додека пак Божидар Пејиќ освен со музицирање се занимава и со педагошка дејност како професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, истакна Ристевска.

Вечер на „БитФест“ на летната сцена Тумбе Кафе која годинава по втор пат е во функција на битолското културно лето ќе се одржи рок концерт на групата „Промашена инвестиција“ која се повеќе го привлекува вниманието на младите битолчани.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи