Часовниците на саат кулата во Гостивар ќе бидат ставени во функција

Од:

Часовниците на гостиварската саат кула, симболот на градот, годинава ќе бидат ставени во функција, информираат од НУ Конзерваторскиот центар Гостивар. Набавката на нови механизми и нивното одржување се дел од проект што ќе го финансира Министерствот за култура.

Четирите часовници на саат кулата во Гостивар наскоро ќе проработат и ќе го покажуваат точното време. Старите механизми биле украдени и заради тоа не беа во функција речиси две децении и ќе се набават.

– До нас во повеќе наврати од граѓаните беа упатени барања за да се стават во функција. Забелешките ги прифативме и доставивме проект кој ни е одобрен. Планот е механизмите да бидат физички обезбедени од оштетувања и кражба и на тој начин да обезбедиме нивно нормални и непречено функционирање. Сега очекуваме да се заокружат и формалностите околу набавката и потоа ќе го реализираме овој проект првата половина од оваа година, вели Аднан Фејзулаи, директор на конзеваторскиот центар Гостивар.

Ставењето во функција на часовниците, одржувањето и осветлувањето на саат кулата се еден од десетината проекти кои Министерството за култура ќе ги финансира со годишната програма. Саат кулата датира од 17 век и еден од белезите на првиот град на Вардар.

Би можело да ве интересира

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар

Тригодишно дете ќе се загушело од гумена бонбона, без свест донесено во болница во Гостивар

Катерина Ѓуровски