„Чајковски: смеа и тага“ – концерт на Македонската филхармонија со Иштван Вардаи на виолончело

Од:

На 16 март (четврток) во Домот на АРМ во 20 часот, Македонската филхармонија ќе одржи симфониски концерт под наслов „ЧАЈКОВСКИ: СМЕА И ТАГА“, на кој како солист ќе настапи еден од најдобрите виолончелисти во светот, Иштван Вардаи од Унгарија.

Повеќенаградуваниот уметник, кој свири на легендарниот инструмент Страдивариус „Ди Пре-Харел“ (1673), виолончело кое пред него било во сопственост на познатата Жаклин ди Пре, пред македонската публика ќе настапи со Рококо варијациите за виолончело и оркестар од П.И.Чајковски.

Под диригентската палка на маестро Кејс Скалионе, оркестарот на Македонската филхармонија по подолго време ќе ја изведе Шестата симфонија насловена „Патетична“ од рускиот гениј Чајковски, која се смета за најубавите симфонии на сите времиња. Од богатиот опус на Чајковски – оркестарска, камерна музика, балети, опери посебно место заземаат неговите симфонии, а меѓу нив е најпозната токму „Патетична“.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска