Центарот за култура со нов лик, по четврт век градско кино во Дебар

Од:

Културно-историските споменици во дебарскиот регион, активностите на Центарот за култура во Дебар и финансиската поддршка што оваа национална установа ја добива од Министертвото за култура, беа тема на средбата меѓу дебарскиот градоначалник Ружди Љата и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која денеска работно ја посети општината, а потоа беше и во Бигорскиот манастир.

Тие го промовираа  градското кино, кое по четврт век повторно профункционира во Дебар, како и реконструираното влезно плато пред Центарот за култура, за што Министерството инвестираше 500 илјади денари. Со партерното уредување пред влезот, објектот доби нов лик, а киното во Дебар доби и дигитален проектор.

Канческа-Милевска нагласи дека целта е да се врати  интересот за следење на филмови на големото платно. Таа најави и проект за реконструкција на мал простор во Центарот за култура, кој ќе биде неменет за мала сцена. До крајот на годината, рече таа, се очекува да се реновира сцената и таа да биде ставена во функција за разни манифестации.

kancevska-debarotec

– Разговаравме за локалниот културен развој во Дебар, се одушевив од целокупното познавање на градоначалнокот и неговата посветеност во културното наследство што е богатство за Дебар и околината. Информирав за проектот поддржан од Советот на Европа, со кој Министерството за култура и локалните власти на Дебар и Маврово Ростуше ќе го промовираат културното богатство што ќе придонесе за туристички развој на овој регион, рече Канческа-Милевска по средбата со Љата.

Градоначалникот се заблагодари за посетата и вети поддршка од локалната власт за продлабочување на соработката на културен план и побогат културен живот во градот.

Министерката  за култура го посети и Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ , каде од игуменот Партениј и отец Доситеј беше запозната за текот на работите околу изградбата на конаците кои беа опожарени пред четири години.

– Среќна сум и душата ми е исполнета од сето она што можев да го видам. Сето ова што се прави е од огромно и непроценливо значење кое ќе остане за иднината на нашата држава,  за иднината на нашите генерации.  Бидејќи во Бигорскиот манастир имаме непроценливо богатство – вредни икони, фрескоживопис, книги, сето е сочувано и реставрирано, рече Канческа-Милевска.

Информираше дека по опожарувањето на Горни палат во 2009 година, Министерството и Владата на Република Македонија континуирано издојуваат средства за реконструкција на опожарениот дел. Досега се издвоени 2,5 милиони евра, а годинава се обезбедени уште 30 милиони денари. Опожарениот дел целосно ќе биде реконструиран до летото 2014 година.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Бела ноќ“ во Скопје

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар