Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ќе го прослави вториот роденден

Од:

Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ со дводневна културна програма денеска и утре ќе одбележи две години постоење.

Вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Тито во Африка – слики на солидарноста” која доаѓа од Музејот на Југославија во Белград, а утревечер од 22 часот „Јавна соба“ за својот втор роденден ќе организира забава со настап на Грамофонџије од Белград, Кирил Кузманов џез-ансамбл и диџеите Алек Солтиров и Давор Палиќ.

– Овој викенд сите генерации, помлади и постари, ќе можат да се присетат како некогаш се живееше во земја со дигнитет, љубов, рамноправност, слога и солидарност, како е да бидеш дел од една високореспектирана заедница во меѓународни рамки, како беше да бидеш Југословен. Фотографиите побудуваат емоции, нѐ враќаат во едно убаво време и поттикнуваат и денес да се бориме за едно такво убаво и стабилно општество. Скопје како град на солидарноста, целосно заслужува да биде прв домаќин на патувањето на оваа голема изложба во бившојугословенските градови, соопшти „Јавна соба“.

Изложбата „Тито во Африка – слики на солидарноста” ќе може да се посети до 20 ноември. Влезот за настаните е слободен двата дена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Македонски павилјон на Прашкото Квадриенале

Ана Ололовска

Изложба на филигран од дизајнерката Јованка Јанкоска

Ана Ололовска

Јункер најави стратегијата за можен пристап на Србија во ЕУ

Ана Ололовска

Во Штип модна ревија „Во светот на бајките“

Ана Ололовска

Во Белград патувачка изложба на македонски дизајн производи

Ана Ололовска

„Дизајн што продава“ викендов во Скопје

Ана Ололовска