Австралискиот писател Ричард Фланаган е овогодишен добитник на наградата Букер (Man Booker Prize for Fiction) за романот “The Narrow Road to the Deep North” (Тесен пат кон далечниот север) во кој обработува тема од градењето на „пругата на смртта“ меѓу Тајланд и Бурма за време на Втората светска војна.
Тоа е шести роман на Фланаган за кој доби престижна британска награда од 50.000 фунти.
Претседавачот со жирито Ентони Грејлинг вели дека е реткост да се најде книга што „ве удира во стомак толку силно што не ви дава да земете друга следните неколку денови“.
– Ова е исклучителен роман, извонредно книжевно дело, нагласи Грејлинг.
Фланаган (53) е еден од најдобрите писатели во Австралија. Неговиот татко кој ја преживеал бурманската железница на смртта, почина на 98-годишна возраст на ден кога Фланган го заврши романот.
„Трофејот“ на Фланаган му го врачи сопругата на принцот Чарлс, Камила, додека чекот му го врачи Емануел Роман, извршен директор на Ман групата. Во најтесен избор беа романи на Карен Џеј Фаулер (САД), Џошуа Ферис, Хауард Џејкобсон (Британија) Нил Мукреџи (Британија) и Ели Смит (Британија).