Британскиот тромбонист Питер Мур солист на концертот на Филхармонијата

Од:

Компилација од „Прстенот“ од Рихард Вагнер и концертот за тромбон и оркестар „Старгејзер“ од Џонатан Дав се на програмата на вечерашниот концерт на Филхармонијата насловен „Ѕвездена музика“. Диригент е Тимоти Редмонд, а солист тромбонистот Питер Мур од Велика Британија.

Солистот Питер Мур (1996) е роден во Ирска и таму го почнал музичкото образование за да продолжи во Англија на студии за напредна програма на Кралската академија за музика. Во 2008 година станал најмладиот победник на натпреварот за млади музички уметници на Би-би-си. На 18 години Мур беше назначен за ко-главен тромбонист на престижниот Лондонски симфониски оркестар.

„Прстенот на Нибелунзите“ од Вагнер е меѓу најамбициозните и најимагинативните музичко-сценски дела во историјата на музиката. Специфична карактеристика на музичкиот стил во ова дело, како што наведува Филхармонијата во најавата, е техниката која ја развива Вагнер преку иновативниот принцип на лајтмотиви – кратки музички фрази кои музички отсликуваат личност, објект или идеја.

-Овие лајтмотиви играат значајна улога во „Прстенот“ во океанот од звуци и форми кои го надополнуваат драмскиот развој на делото. Со цел да се приближи музиката од овoj музичко-сценски циклус до пошироката публика, направени се оркестарски аранжмани од современиците на Вагнер. Во нив оркестарот има главна улога, нема големи интервенции во музичкото дело, а резултатот е толку убедлив, што воопшто не се забележува дека станува збор за аранжмани. Еден од поновите аранжмани е на Хенк де Флигер, перкусионист во Филхармонијата на Радио Холандија. Токму овој аранжман на „Прстенот“ ќе го слушнеме на концертот, соопшти Филхармонијата.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска