Брисел ги виде македонските носии

Од:

Во Центарот за култура во општината Етеберг во Белгија вечерва духовното богатство на македонската фолклорна ризница ќе го презентира музичкиот етносостав „Синтезис“, а утре, на затворањето на манифестацијата „Денови на македонската култура“, вљубениците во седмата уметност ќе имаат можност да ги проследат македонските играни филмови „Пред дождот“ на светски познатиот режисер Милчо Манчевски, кој се закити со „Златен лав“ на Венецискиот филмски фестивал, и „Илузија“ на режисерот Светозар Ристовски, прогласен за најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал „Анкориџ“.

Манифестацијата „Денови на македонската култура“, во организација на Министерството за култура и Амбасадата на Република Македонија во Белгија почна синоќа со изложбата „Традиционални костими и накит од Македонија“ на Музејот на Македонија, во фламанското Министерство за надворешни работи во Брисел.

На отворањето на изложбата на традиционални народни носии и накит од различни краеви на земјава, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска нагласи дека презентацијата на македонската култура во Белгија и оваа изложба се од големо значење за нашата земја.

Би можело да ве интересира

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време