Бразилскиот роман „Армада“ преведен на македонски јазик

Од:

Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Армада“ од бразилскиот автор Жоао Жилберто Нол на македонски јазик.

Романот е објавен во 1993 година и важи за едно од најнаградуваните дела на латиноамериканската книжевност. „Армада“ е добитник на наградата „Жабути“ за роман на годината во 1994 година, а списанието „Браво“ ја сместува меѓу стоте најдобри бразилски дела на сите времиња. На македонски романот го преведе Марија Ристовска.

– Најпознати дела на Жоао Жилберто Нол (1946) се романите „Хотел Атлантико“ и „Армада“.  Во „Армада“ Нол претставува лик што талка во главниот град на една измислена држава од Латинска Америка. Се подразбира дека земјата е пародија на Бразил, на нејзиното општество и обичаи. Ликот шета во различни делови на градот: река, море, театар, хотел. На сите овие локации се прикажани различни видови луѓе и нивни реакции, додека читателот доживува широк спектар на сензации. Херојот на овој роман, всушност, е нереализиран песимист, кој не може да се идентификува во хаотичниот свет што го опкружува…, соопшти издавачот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска