Македонската филхармонија денеска напладне во Македонскиот народен театар ќе изведе Божикен концерт, под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.
Оркестарот ќе отсвири дел од најубавите композиции на руската класична музика – свитата „Оревокршачка“ од Чајковски, „Половецки танци“ од операта „Кнез Игор“ од Бородин, Интермецо од балетот „Рајмонда“ од Глазунов, „Валс – фантазија“ од Глинка и „Големата порта на Киев“ од „Слики од изложба“ од Мусоргски.
Филхармонијата најави дека по концертот за Божик ќе ја продолжи концертната сезона со атрактивна програма.
Божикен концерт „10 години Божик – слава“ вечер традиционално ќе одржи и Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“. Концертот ќе се одржи во црквата „Пресвета Богородица“ во Скопје, со почеток во 19.30 часот.