Божикен концерт на младинскиот женски хор „Стив Наумов“ од Битола

Од:

Заедницата на Хрвати од Македонија во Битола, во соработка со Католичката црква „Пресвето срце Исусово“, вечерва организираат традиционален божикен концерт.

Според програмата, концертот ќе го приреди младинскиот женски хор КУД „Стив Нумов“ чиј диригент е Љубо Трифуновски.

– На концертот ќе бидат изведени божикните песни од западниот и источниот обред, како и  божикни песни од другите народи, пригодни рецитали и изведби на Дарко Кулевски соло хармоника и Марија Чакулевска гитара и од Државното Музичко училиште во Битола. Божикниот концерт ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“, а меѓу другите ќе присуствува и Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македноја Киро Стојанов, соопштуваат од Заедницата на Хрвати во Македонија во Битола.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола