„Блиска врска“ од Славе Ѓорѓо Димоски објавена во Србија

Од:

Во издание на Здружението на писатели на Србија, деновиве од печат излезе книгата „Блиска врска“ (Блиска веза) од македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски.

Препевот е на Душко Новаковиќ, познат српски поет, кој се смета за еден од најдобриот преведувач на македонската поезија на српски јазик.

Во ова издание се содржани книгите „Форми на страста“ (1988) и „Темно место“ (1999 г., награда „Браќа Миладиновци“, 2000 г.), две книги кои прават една целина  во која еросот и танатосот доаѓаат до полн израз, односно го проблематизираат принципот на љубовта и смртта во една класична комбинација: ерос – танатос.

Ова е трета книга од Славе Ѓорѓо Димоски објавена на српски јазик (претходни „Мерач на зборовите“ 2010 и „Поле. Бојно поле?“ 2011), а четиринаесетта на странски јазик. Неговата поезија е преведувана на над триесет јазици.

Делото беше промовирано на штотуку завршениот Саем на книгата во Белград.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска