Блесок ја објави книгата на Клеменс Ј. Зец, „Љубовта за време на Детето од Малштет“

Од:

Со поддршка на преведувачката мрежа ТРАДУКИ, во превод од германски на Елизабета Линднер, Блесок ја објави книгата раскази на Клеменс Ј. Зец, „Љубовта за време на Детето од Малштет“, како осумнаесетти наслов во едицијата „Урбан флуид“.

Клеменс Ј. Зец (Clemens J. Setz) е роден во 1982 година во Грац, Австрија, каде и денес живее и работи. Од 2001 година студира математика и германистика. Паралелно со студиите Зец преведува литература и објавува песни и раскази во литературни списанија. За своите дела добил повеќе престижни награди во германското говорно подрачје. Освен книгата раскази „Љубовта во време на Детето од Малштет“, за која во 2011 година ја добил наградата на Саемот на книгата во Лајпциг, Зец има објавено три романи и една книга поезија.„

-Внимание! Книгава содржи: експлицитни сцени, насилство, некрофилија, инцест, секс, мастурбација, s&m… Не е препорачлива за малолетни читатели. Ниту за малодушни. Ниту за пуританци. Конзервативци може да ја читаат, ама скришно. Предупредени сте, велат од Блесок.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска