„Блесок“ го објави романот „Имагинарни случки од букурешките улици“

Од:

Издавачката куќа „Блесок“ го објави романот „Имагинарни случки од букурешките улици“ од романскиот писател Константин Абалуца, кој е достапен во печатена и во електронска форма. Книгата од романски на македонски јазик ја преведе Лидија Димковска, а е објавена со поддршка на Програмата за култура (2007 – 2013) на Европската унија и Романскиот културен институт.

Константин Абалуца (Букурешт, 1938) е претставник на генерацијата романски поети кои почнале да објавуваат кон средината на 1960-тите години.

По професија е архитект, но уште во младоста и се посветил на литературата. Пишува поезија, проза, драми и критики и досега има издадено повеќе од 40 дела. Препејува поезија од повеќе јазици.  За своите дела добил повеќе национални и меѓународни награди. Неговите книги се преведени на повеќе светски јазици.

– Карактеристично за неговата литература е што за основа зема детали и предмети од секојдневието кои потоа мајсторски ги преобликува во длабоки лирски приказни за човекот и за неговите егзистенцијални прашања и одговори, информира „Блесок“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска