Битолскиот театар премиерно ќе ја изведе „Тајното оружје“

Од:

Битолскиот театар вечер премиерно ќе ја изведе  претставата „Тајното оружје“ од Братислав Димитров во режија на Ненад Витанов.

– Во претставата говориме за хаосот што во моментов се случува во светот, за хаос гледан низ очите на обични луѓе кои живеат во нашето маало и како тие би го решиле проблемот кога тоа би требало да го направат. Таа ситуација на глобално завршува сурово и крваво, додека тука кај нас завршува со поентата дека тајното оружје е во секој од нас и дека тоа што можеме да го направиме е секогаш во тоа што ќе го замислиме. Оваа претстава е со многу енергија и со порака дека во овој глобален свет можеме да се спротивставуваме само со добра мисла и идеја, а се останато е теорија на заговор, истакна режисерот Витанов на прес-конференција во пресрет на премиерата.

Оваа постановка му е трета режија на Витанов во НУ Народен театар-Битола, а драматургот Братислав Димитров вторпат со свој текст  учествува на сцената на театарот во Битола.

Во актерската екипа се: Филип Мирчевски, Никола Тодоровски, Борис Чоревски, Никола Пројчевски, Јулијана Стефанова, Илина Чоревска и Сандра Грибовска.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, а првпат со Битолскиот театар како композитор соработува поп-пејачот Димитар Андоновски. Тој на средбата со новинарите истакна дека музиката во претставата е испреплетување на повеќе жанрови и придонесува за дополнителен квалитет.

Би можело да ве интересира

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар

Јордан Симонов од МНТ најдобар актер на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Предраг Петровиќ

Врачено признанието лауреат на актерот Ристановски и промовирана монографијата 15 години МТФ „Св. Јоаким Осоговски“

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ