Ансамблот на Народниот театар-Битола на 28 ноември ќе учествува на меѓународен театарски фестивал во Суботица. На покана на домаќинот и организатор на фестивалот, битолчани ќе ја изведат преставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ во режија на Игор Вук Торбица.
– Гостувањето во Србија доаѓа веднаш по завршената турнеја во Кина. Гостуваме на можеби еден од најквалитетните театарски фестивали во регионот и затоа ќе ја одиграме претставата која годинава на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп беше прогласена за најдобро уметничко остварување, истакна директорот на Битолскиот театар Иван Јерчиќ пред гостувањето во Србија.
Актерите во оваа претстава, меѓу кои се Маја Андоновска-Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова ќе настапат на сцената „Јадран“.