Битолскиот писател Добре Тодоровски добитник на наградата „Крсте Чачански“

Од:

Писателот од Битола и член на Друштвото на писателите на Македонија, Добре Тодоровски ја доби наградата „Крсте Чачански“ што ја доделува културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга.

Тодоровски е награден за неговата книга „Помен за едно време“, а врачувањето на наградата ќе биде на 3 јули во Центарот на култура „Браќа Миладиновци“-Струга, кога ќе се одржи фестивалот „Струшки книжевни средби 2015“.

– Оваа награда всушност е признание препознато од квалитетна жири комисија која внимателно го анализирала и оценила мојот труд. Расказите во „Помен за едно време“ се исечоци од мојот интимен дневник и носат изворни белези кои вреди да се прочитаат, истакна Тодоровски по соопштувањето дека е добитник на наградата „Крсте Чачански“.

Културниот центар „Бран“ од Струга објави дека наградена е и книгата „Барутна поезија“ од авторот Славчо Ковиловски, кој ќе ја добие наградата „Јован Котески“. Со тоа заврши Конкурсот што по петти пат го распиша Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска