Десет јавни бибилиотеки во Струмица се подготвуваат за воведување нова услуга за кариерно водење.
Според претседателката на Здружението за развој и иновации на библиотеки „Инова Либ“ од Радовиш, Иванка Соколова, со задолжителното средно образование и отворањето на голем број високообразовни институции скорo во секој град во Македонија, се создала конфузија кај младата популација во однос на изборот и донесување одлуки за изборот на професионалната ориентација.
– Библиотеките како центри на заедницата, а имајќи предвид дека тежнеат да бидат мултифункционални центри можат да одговарат на оваа потреба и да се соочат со овој проблем во однос на создавање на нови библиотекарски услуги, конкретно за кариерно образование на младите, рече Иванка Соколова, претседателка на Здружението за развој и иновации на библиотеки „Инова Либ“ од Радовиш.
Според неа, библиотеките можат покрај воведувањето на услугата за кариерно водење да воведат и други услуги, како што се помош за здравствени едукации, помош за невработени лица и други услуги.
Дводневната работилница во Струмица се реализира во рамките на проектот „Креативни умови ја креаираат иднината“, финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.