„Дваесетипрвиот“ на Томислав Османли меѓу петте најдобри странски книги преведени на српски јазик

Од:

Порталот „BGEdCulture” ги објави своите рејтинзи во сите културни домени за остварувањата кои ја одбележаа 2014. година. Порталот направи селекција од 25 домашни и странски наслови поделени во неколку категории.

Во категоријата „Топ 5 странски книги за прв пат преведени на српски“ избран е „Дваесетипрвиот“ на Томислав Османли кој годинава на српски го објави белградската издавачка куќа „Дерета“. Во истата категорија, сeлектирани се „Кафка на брегот на морето“ на Харуки Мураками, „Празник во кома“ на Фредерик Бегбеде, „Светот на сцената“ на Чарли Чаплин и Дејвид Робинсон, и „Камерна музика“ на Џемс Џојс.

Во коментарот на порталот „BGEdCulture” кон изборот во оваа категорија книжебни наслови е забележано:

-Имајќи предвид дека домашните издавачи не се секогаш во можност некои од одличните книжевни изданија да ги преведат и издадат кога тие за прв биле објавени во своите земји, следи листата на најзначaјните изданија објавени за прв пат на српски јазик. Секако се издвојува романот на Томислав Османли којшто со омнибус-приказната на мошне комплексен и содржаен начин ја опишал севкупната судбина којашто ја минувале сите народи низ транзицијата, по распадот на Југославија. Вредеше да се чекаат сите наведени преводи и изданија на српски јазик, пишува порталот.

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери